Славески поднел кривични против Филипче, Димитријевиќ и Жерновски за Алта Банка
Народната Банка и гувернерот Трајко Славески поднеле две кривични пријави поради случувањата со Алта Банка АД Битола, дознава Press24. Едната кривична пријава е против претседателот на СДСМ, Венко Филипче, но и против генералниот секретар на партијата, Александар Саша Димитријевиќ. Другата посебна кривична пријава е против секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Андреј Жерновски.
Засега нема повеќе детали за тоа што точно има во кривичните пријави. Претходно, премиерот Мицкоски го повика Јавното обвинителство да реагира по, како што рече тогаш, обидите за ширење паника во случајот Алта Банка АД Битола.
Денеска во Собранието се одвива Надзорна расправа на оваа тема. Прв кој говореше беше премиерот Христијан Мицкоски, а по него и гувернерот Славески.