Голем пожар во близина на Љубљана: Гори рециклажен центар за електронски отпад, пластика и метали


Во понеделник вечерта, во индустриско-деловната зона Запоље во Логаац, недалеку од Љубљана, избувна голем пожар, кој ја зафати речиси целата зграда со површина од околу 8.000 квадратни метри. Во пожарот нема повредени, а пожарникарите успеаја да го стават под контрола. Гаснењето и санацијата на пожарот продолжуваат денес.

Пожарот избувна во понеделник во 22:13 часот во зградата на компанијата Блок, која рециклира отпадна електрична и електронска опрема, пластика и метали, соопшти општина Логатец, пишува N1 Словенија.

Пожарот ја зафати речиси целата зграда со површина од околу 8.000 квадратни метри.

Во текот на вечерта, на терен излегоа 25 противпожарни единици, како и полицијата, брзата помош, штабот за цивилна заштита и Еколошката лабораторија на Институтот „Јожеф Стефан“.

Во пожарот нема повредени.

Пожарникарите успеаја да го локализираат пожарот, но гаснењето сè уште е во тек.

Според податоците од Словенечката управа за заштита и спасување, на терен има околу 150 пожарникари од 37 противпожарни бригади. Утрото пристигнаа нови екипи за да ги заменат пожарникарите ангажирани во текот на целата ноќ.

Раководителот на интервенцијата, Урбан Коренч, за словенечката новинска агенција СТА изјави дека пожарникарите гаснат неколку големи жаришта и дека пожарот не се проширил на други згради.

Како мерка на претпазливост, властите ги повикаа жителите на Логатац и околните области да не отвораат прозорци, да го ограничат времето поминато на отворено и да ги следат препораките на надлежните служби.

Според Коренч, чадот во моментов се шири во насока спротивна од населбата.