САД воведоа нови санкции кон Куба
Вашингтон – САД денеска воведоа нови санкции против поединци и субјекти поврзани со Куба.
– Мерките се насочени кон транспортна мрежа за сурова нафта, државни претпријатија и добавувачите со седиште во Кина, кои ги снабдуваат кубанските вооружени сили, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио.
Во исто време, САД презедоа чекори за воведување нови санкции насочени кон кубанските сектори за електроника, производство, поморство и технологија.
– Администрацијата на Трамп нема да стои настрана додека кубанскиот режим ги пренасочува ресурсите на островот кон својата воена елита, додека поединци блиски до власта и нивните семејства профитираат преку непроѕирни офшор мрежи, и додека Куба продолжува да служи како појдовна точка за глобална коалиција на непријателски сили кон САД, кои се закануваат, шпионираат и заговараат против САД и нивните интереси, истакна Рубио.