Костовски ja најави новата поликлиника во Бутел


„Долго се чекаше, но големите работи вреди да се почекаат. Бутел го заслужува ова. И многу повеќе! Историјата допрва ќе се пишува“, напиша Костовски, најавувајќи ја „Нова поликлиника Бутел“.

Општината уште во октомври 2025 година информираше дека е спроведена тендерската постапка, а во март 2026 година беше објавено дека е потпишан договор за изградба на поликлиниката. Според објавените информации, договорот е во вредност од околу 117,7 милиони денари, односно 1,9 милиони евра. 

Новата поликлиника е планирана на местото на старата амбуланта во Бутел. Според претходните најави на Костовски, во неа треба да има ординации по општа медицина, педијатрија, гинекологија, интерна медицина и други специјалности, како и рендген-кабинет, лабораторија, аптека и пункт за итна медицинска помош. 

Во својата објава градоначалникот не прецизираше дали станува збор за почеток на градежните работи или за друга фаза од проектот.