Следуваат суви денови, но за викендот температурите ќе паднат под нулата


Фото: Б. Грданоски

По периодот на нестабилно време, во Македонија следува стабилизација на временските услови. Од среда, 4 ноември, па во наредните денови ќе преовладува суво време без врнежи, со повремени сончеви периоди. Сепак, за време на викендот се очекува значително заладување во утринските часови, а на повисоките места и на планините температурите ќе се спуштат под нулата.

Слични временски услови се очекуваат и во главниот град. Во Скопје и околината во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени сончеви периоди, без врнежи и со слаб до умерен северен ветер.

Утринските температури ќе се движат меѓу 8 и 9 степени, додека дневните ќе достигнуваат од 13 до 14 степени.

Во останатите делови од земјата минималните температури ќе се движат од 3 до 11 степени, а максималните дневни од 9 до 15 степени.