Мицкоски се сретна со премиерот на Северна Рајна Вестфалија


Христијан Мицкоски и Хендрик Вуст

 

Продлабочување на економската соработка, привлекување нови инвестиции и унапредување на партнерството меѓу Македонија и германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија биле во фокусот на работната средба на премиерот Христијан Мицкоски со премиерот на оваа германска покраина, Хендрик Вуст.

Како што објави Мицкоски на својот Фејсбук-профил, на средбата, во рамки на посетата на Германија, заедно министерот за транспорт Александар Николоски, министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски и министерката за енергетика Сања Божиновска – разговарале за досегашната соработка, поддршката и можностите за нејзино понатамошно продлабочување, особено во економијата и инвестициите.

Мицкоски посочува дека германските компании „Костал“, „Кромберг и Шуберт“, „ВИК“, „Гересхајмер“ и други реномирани инвеститори што веќе работат во земјава се пример за потенцијалот за привлекување нови инвестиции од Северна Рајна-Вестфалија.

Мицкоски наведува дека Вуст би сакал да посети Македонија, што, според него, ќе биде дополнителна можност за унапредување на партнерството и отворање нови перспективи за соработка.