Тревога на европското небо: Дојава за бомба во авион, аеродромот во Варшава затворен
Аеродромот Варшава-Модлин во Полска е затворен до понатамошно известување откако авион од лондонскиот аеродром Хитроу изврши итно слетување таму поради пријава за можна експлозивна направа во него.
Авионот слета безбедно, а безбедносните служби моментално ја проверуваат веродостојноста на пријавата, соопшти раководството на аеродромот.
Не е објавено дали е пронајдена експлозивна направа во авионот или колку долго би можело да трае прекинот на сообраќајот, објавува „Индипендент“.