Тоти го избра најдобриот соиграч во нападот на Рома


Легендата на фудбалскиот клуб Рома, Франческо Тоти во анкета на социјална мрежа го избра најдобриот соиграч во нападот со кој играл заедно. На највисоката позиција се најде Антонио Касано, темпераментниот италијански напаѓач.

Тоти и Касано настапуваа заедно во дресот на Рома од 2001 до јануари 2006 година, не само поради фудбалските квалитети и поради соработката и поврзаноста на теренот. Касано во Рома дојде од Бари со 19 години, а најдобрата сезона заедно ја одиграа Тоти и Касано ја одиграа во 2003/04 кога Рома го освои второто место. Тандемот постигна 34 голови.

Во вториот ред се најдоа Винченцо Монтела и Габриел Батистута, а потоа следуваат Мохамед Салах, Марко Делвекио и Абел Балбо.

Тоти е заштитниот знак на Рома и целата своја сениорска кариера ја одигра за Рома (619 натпревари и 250 голови).