Алта банка Битола од утре ги затвора експозитурите
Ништо не е во ред со Алта банка од Битола. По денешната објава на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, дека централната банка воведува привремена управа во банката, Алта банка објави соопштение во кое наведува дека од утре ќе бидат затворени за клиенти сите нејзини експозитури. Во известувањето наведуваат дека прекинот во работата ќе биде до дополнително известување.
Од банката, во соопштение објавено на нивната Фејсбук-страница, велат дека согласно одлуката на Народната банка, воведени се привремени заштитни мерки, со кои за физичките лица е утврден неделен лимит од 10.000 денари за користење средства преку платежните картички на банката.