Кумановецот Агим Шемшиу избран за член на Европската шаховска федерација
Кумановецот Агим Шемшиу е избран за член на Судиската комисија при Европската шаховска федерација.
-Овој избор за мене претставува посебно признание, но и нова одговорност во мојот шаховски пат- рече Шемшиу.
Тој изрази благодарност до раководството на Европската шаховска федерација за укажаната доверба, и посочи дека досега немало член од Македонија во Европската федерација. Воедно тој се заблагодари и до Шаховската федерација на Македонија, шахистите од Македонија и на куманвскиот клуб.
-Овој ангажман го сметам за нова можност да придонесам со професионалност, посветеност и одговорност во понатамошниот развој на шахот и шаховското судење на европско ниво- изјави Шемшиу.
Шемшиу е член на Шаховската федерација на Македонија, активен шахист повќее од три децении.