Град Скопје во недела ве носи на бесплатен разглед на Матка и Врело
Бесплатен разглед на Матка и Врело – откријте го богатството на нашето Скопје! Некои од најголемите природни богатства ни се на дофат. Наша обврска е да ги чуваме, а наша желба е што повеќе граѓани да ги запознаат и доживеат!, порачуваат од Град СКопје денеска,
Град Скопје организира бесплатен разглед на Матка и Врело – можност за незаборавна средба со природата и со убавините со кои нашиот град се гордее.
Инспирирани од неодамнешниот истражувачки подвиг во Врело, сакаме ова наше природно богатство да го доближиме до граѓаните. Зашто гордоста е уште поголема кога лично ќе го запознаеме она што го имаме!
Величествени карпи, мирна вода и глетки што оставаат без здив – Матка е место каде што градската врева ѝ отстапува простор на природата. А Врело, со својата убавина и таинствените длабочини, е уште една причина да го погледнеме Скопје со восхит.
Со организиран автобуски превоз и професионален туристички водич од Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници, граѓаните ќе имаат можност да ги запознаат Матка и Врело и да слушнат повеќе за нивните природни особености.
Поаѓање: Порта „Македонија“
Ден: сабота
Час: 10:00
Пријавување на телефонскиот број:
072213692
Ве покануваме да ни се придружите! Да ги откриеме убавините што ни се толку блиску и да создадеме спомени што долго ќе ги носиме со себе. Скопје има со што да се гордее. Да го запознаеме, да го чуваме и да го сакаме! – додаваат од Градот.