Кос ќе ги презентира извештаите за прогрес на земјите кандидати на 4 ноември
Европскиот комесар за проширување, Марта Кос, на 4 ноември ќе го претстави Пакетот за проширување за 2026 година, соопшти Европскиот парламент.
Пакетот за проширување вклучува извештаи на Европската комисија за десет земји кандидати и потенцијални кандидати за членство во Европската унија. Откако Комисијата ќе го оцени напредокот постигнат од секоја од овие земји во спроведувањето на реформите поврзани со ЕУ, постојаните известувачи на Комисијата за надворешни работи ќе подготват нацрт-резолуции за секоја земја поединечно. Во овие резолуции ќе бидат изнесени ставовите и препораките на Европскиот парламент во однос на патот на овие земји кон членство во ЕУ.
Европскиот парламент, исто така, најави дијалози за 5 ноември кои се однесуваат на инструментите за Западен Балкан, Молдавија и Украина. Членовите на Комисијата за надворешни работи и на Комисијата за буџет заеднички ќе бидат домаќини на петтиот дијалог за Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан, третиот дијалог за Инструментот за реформи и раст за Република Молдавија, како и на шестиот дијалог за Инструментот за Украина. Герт Јан Коопман, генерален директор на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување при Европската комисија, ќе ги информира пратениците во Европскиот парламент за моменталниот статус на спроведувањето на релевантните реформски агенди и за исплатата на средствата од ЕУ.