Зголемена опасност од ерупција на вулканот Мајон на Филипините
Филипинските власти го подигнаа нивото на опасност по ерупцијата на вулканот Мајон, чија активност создаде облак од пепел висок повеќе од три километри, соопшти Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија, пренесе ДПА.
Вулканот што се наоѓа во провинцијата Албај, југоисточно од главниот град Манила, еруптирал денеска во 11:53 часот по локално време, исфрлајќи облак од пепел што се движел кон запад и југозапад. Се очекува пепел да падне во неколку населени места во регионот.
По ерупцијата, властите го подигнаа нивото на опасност од второ на трето, предупредувајќи на зголемен ризик од опасна вулканска ерупција. Тоа значи и поголема опасност од лавини текови и пирокластични струи на горните и средните делови од падините на вулканот во наредните денови и недели.
Воздухопловните власти со предупредување до пилотите да не летаат во близина на вулканскиот врз, поради опасноста ненадејна ерупција да ги загрози авионите.
Филипинскиот институт за вулканологија предупреди дека во наредните недели е можна нова ерупција доколку продолжи засилената вулканска активност.
Вулканот Мајон од 5 август до денеска беше на второ ниво на опасност.