Бројот на загинати во железничката несреќа кај Толедо се искачи на 74, шпанскиот крал повика на превентивни мерки
Бројот на загинати во вчерашниот судир на два брзи воза во Шпанија се искачи на најмалку 74 лица, покажуваат новите податоци што денеска ги објави Комисијата за истрага на железнички несреќи (ЦИАФ) при шпанското Министерство за транспорт, додека шпанскиот крал Фелипе Шести повика на итна превенција.
Во претходниот извештај на властите во автономната област Кастиља-Ла Манча, каде што се случи трагедијата, се наведуваше дека загинале 69 лица.
Шпанскиот монарх денеска побара да се преземат сите неопходни мерки за да се спречи повторување на слична железничка несреќа.

„Истрагата мора да утврди како и зошто се случила оваа несреќа. Исто така, ќе треба да се разгледаат мерките што треба да се преземат за таа да не се повтори“, изјави кралот Фелипе Шести по посетата на болницата во Толедо, каде што се лекуваат повредените.