„Набуко“ од Верди на 30 октомври на сцената на Националната опера и балет


 Операта „Набуко“ од Џузепе Верди ќе биде изведена на 30 октомври, со почеток во 20 часот, на сцената на Националната опера и балет. Станува збор за едно од најпознатите дела во оперската уметност, кое преку моќна музика, драматичен заплет и впечатливи вокални интерпретации ја раскажува судбината на еврејскиот народ и неговиот копнеж по слобода и татковина.

Операта ќе биде изведена под диригентската палка на Мирон Михаилидис од Грција, во режија на Ренато Бонајуто од Италија. Сценографијата и костимографијата се на Флавио Арбети и Артемио Кабаси од Италија, кореограф е Маја Митровска-Богојевска, концерт-мајстор е Климент Тодороски, хор-мајстор е Јасмина Ѓорѓеска, а за светлосниот дизајн е задолжен Милчо Александров.

Во насловната улога ќе настапи Марјан Јованоски, Злата Тошевска Димовска ќе ја толкува Абигаиле, Николина Јаневска ќе ја игра Фенена, Ѓорѓи Цуцковски ќе настапи како Исмаил, а Александар Стефаноски во улогата на Захарие.

Во останатите улоги ќе настапат Диме Петров, Јаворка Витанова и Јане Дунимаглоски. Во изведбата ќе учествуваат и хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет, како и ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“.

„Набуко“ е лирско-драматична опера во четири чина, која премиерно била изведена во 1842 година во миланската „Скала“. Тоа е третата опера на Верди и делото со кое композиторот трајно ја зацврстил својата репутација.

Приказната ја обработува тешката историска судбина на еврејскиот народ, кој по нападите и поразите бил протеран од својата татковина. Историските настани служат како основа за романтичниот и политичкиот заплет, преку кој се истакнуваат темите на слободата, страдањето и копнежот по родниот