ГЕРБ гледа колапс на поддршката за Радев


Георг Георгиев, пратеник од коалицијата ГЕРБ-СДС и поранешен заменик-министер за надворешни работи, ги опиша резултатите во Бугарија како значителен пад на поддршката за Румен Радев и „Прогресивна Бугарија“.

„Каде е убедливото водство што анкетарите ѝ го припишуваа на ’Прогресивна Бугарија‘ и на Јотова? Големото прашање е: каде отидоа повеќе од 1,4 милиони гласови?“ – напиша Георгиев на Фејсбук.

Тој ги окарактеризира резултатите како пресуда за Радев, неговата администрација, неговата политичка фракција и неговиот кандидат.

Костадин Костадинов, лидер на партијата „Вазраждане“ (Преродба), изјави дека партијата ја зголемила поддршката во споредба со претседателските избори пред пет години, кога освои 3,9%. Тој им се заблагодари на гласачите кои му се вратија на движењето, како и на волонтерите кои учествуваа во кампањата.

„Исходот на 1 ноември во голема мера ќе зависи од гласачите на ’Вазраждане‘. Нашата кауза – мирна, слободна и независна Бугарија – не е кауза на еден поединец или на една политичка организација. Тоа е кауза за секој слободен Бугарин“, изјави Костадинов.

Тој ја посочи ниската излезност како најзначаен негативен аспект на кампањата, истакнувајќи дека недостигот на доверба во политичката елита останува сериозен проблем. 

Инаку, според проценките на медиумите, иако ГЕРБ немаше кандидат на изборите , околу 30 отсто од нивните поддржувачи гласале и најверојатно тие му го зголемија резултатот на Ѓуров. Неговата партија „Демократска Бугарија“ им се заблагодари јавно на гласачите на ГЕРБ.