Огромни колони на избирачките места во Србија уште во 7 часот
Реовите беа по неколку стотици метри на огромн број места во Србија уште пред отворањето на биралиштата. Големи колони и пре дипломатските претставништва во странство
Неверојатни слики се гледаат од Србија уште шред отворањето на избирачките места на денешните исклучително значајни избори на кои се води голема политичка битка меѓу студентите и Александар Вучиќ.
Видеа пристигнуваат од сите страни на кои се прикажани огромни колони луѓе и по неколку стотици метри уште пред 7 часот на кои се прикажани луѓе како чекаат да се отворат гласачките места.

Според снимките што пристигнуваат од дипломатско-конзуларните претставништва на Србија во странство големи редови има и таму. Бидејќи според одлуката на државната комисија во странство мора да се гласа според времето во Србија, пред конзулатот во Њујорк, во 1 часот по полноќ веќе имаше повеќе стотини лица кои чекаа да се отвори избирачкото место. Во Лос Анѓелес, кој е девет часовни зони подоцна од средноевропското време редови имаше и два часа пред отворањето на изборачкото место. Во странство се гласа на 93 избирачки места во 37 земји.

Студентите ги повикаа граѓаните да излезат на избирачките места уште многу рано, веднаш хога ќе се отворат за да се спречат можни инциденти и притисоци во попладневните часови. На досегашните избори вообичаено беше и поддржувачите на Српската напредна партија да излегуваат изутрина.

Денешните предвремени парламентарни избори се најважниот тест за владеењето на Александар Вучиќ во последните 14 години. Неговиот блок се соочува со својата прва сериозна закана од политичка сила што произлезе од студентските протести по уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, во која загинаа 16 лица во ноември 2024 година.


18 листи се натпреваруваат за 250 места во Народното собрание, од кои девет на малцинствата. Право на глас имаат нешто повеќе од 6,45 милиони гласачи, а за влез во парламентот важи праг од три проценти, освен за листите на малцинствата. Гласачките места се отвораат во 7 часот наутро а се затвораат во 20 часот.
За овие избори има рекорден број контролори – дури 16.000 за да се обезбеди регуларност на изборите. Владејачката партија досега имаше добро организирани контролори, а претставниците на Студентската листа исто така добро се организираа и нивни претставници се на секое избирачко место.
Според официјалното решение на Министерството за државна управа и локална самоуправа по заклучувањето на Единствениот избирачки список на 9 октомври 2026 година, во Србија има точно 6.450.523 регистрирани гласачи. За изборите ќе биде отпечатен идентичен број на гласачки ливчиња, кои се печатат во 29 јазични варијанти.
На гласачкото ливче има вкупно 18 изборни листи кои беа официјално потврдени и прогласени од страна на РИК (првично беа прогласени 19, но една листа беше повлечена). Од нив, точно 9 листи имаат официјален статус на коалиции или партии на националните малцинства, за кои не важи редовниот изборен цензус. За останатите листи се применува пропорционален изборен систем со цензус од 3 проценти за влез во Парламентот.


Гласањето се одвива на вкупно 8.392 гласачки места. Од нив, 93 изборни места се во странство (низ 37 држави), 29 во установи за извршување на кривични санкции, додека за гласачите од територијата на Косово обезбедени се 60 посебни гласачки места во општините Врање, Куршумлија, Рашка и Тутин.

Србија функционира како една изборна единица на парламентарните избори. Сите кандидати од 18-те изборни листи се натпреваруваат на ниво на целата територија на државата.

Гласачките места се затвораат во 20:00 часот. Првите прелиминарни резултати базирани на примероци и излезни анкети традиционално се објавуваат од страна на невладините организации и партиските штабови по 21:00 часот. Самата Републичка изборна комисија (РИК) ќе почне со објавување на првите официјални прелиминарни резултати во живо во изборната ноќ преку својот веб-портал со сумирање на записниците. Според законските одредби во Србија, РИК е должна да ги утврди и објави конечните официјални резултати во рок од 96 часа од затворањето на гласачките места (доколку на некои места не се повторува гласањето поради нерегуларности).
Изборниот процес ќе го следат повеќе од 300 набљудувачи ангажирани од ОБСЕ (Организација за европска безбедност и соработка), чиј мониторинг е координиран преку ОДИХР (Канцеларија за демократски институции и човекови права). Како дел од оваа меѓународна поддршка, Парламентарното собрание на ОБСЕ посебно испраќа своја делегација од 80 парламентарци и персонал од 29 земји. Изборниот ден дополнително ќе го следат и набљудувачки мисии од Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), како и од домашни независни невладини организации.