Берово утрово најстуден град во земјава, измерени минус 1 степен
Најстудено утрово е во Берово, каде што се измерени -1 степен Целзиусов, а во останатите градови температурата се движи од 1 до 7 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Како што соопшти УХМР, во Битола 1, 2 степена во Скопје-Петровец, Крива Паланка, Демир Капија, Струмица, Лазарополе, 3 во Тетово, Прилеп, Велес, Куманово, 4 во Скопје-Зајчев Рид, Штип, Кавадарци, Попова Шапка, 5 во Претор, Крушево, Маврови Анови, 6 во Охрид, Виница и седум во Гевгелија.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 21 степен.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 19 степени.