Черчил и други личности ќе исчезнат од британските банкноти, ќе бидат заменети со кукувица, бумбар, морски папагал…
Кукувица, бумбар, морски папагал и еж ќе се најдат на новите банкноти на Банката на Англија, заменувајќи ги историските личности – вклучително и поранешниот британски премиер Винстон Черчил, соопшти денес Централната банка.
Одлуката на идните банкноти да се прикажат автохтони животни наместо познати Британци, е донесена по јавна консултација во која речиси 500.000 луѓе гласале за избор од 18 животински видови. Британскиот мајски бумбар (со жолт врв на опашката) доби најмногу гласови, а по него следуваа кукувицата и европскиот еж.
Црвената лисица и рибарчето (птица) добија повеќе гласови од морскиот папагал, кој сепак беше избран за да се обезбеди барем едно морско животно во дизајнираните нови пари.
Од Банката на Англија изјавија дека новиот дизајн ќе ги направат банкнотите попрепознатливи и потешки за фалсификување.