БГНЕС: Мицкоски направи историски гаф, го помеша датумите за враќањето на Гоце Делчев
Премиерот Христијан Мицкоски, целосно ја измеша историската хронологија. Коментирајќи го денес преносот на посмртните останки на цар Самоил од Грција во Бугарија, Мицкоски направи груба историска грешка повикувајќи се на договор од 1947 година меѓу Јосип Броз Тито и Георги Димитров, пишува БГНЕС.
Мицкоски го поврза преносот на посмртните останки на Гоце Делчев со Договорот од Блед. Посмртните останки на Делчев беа предадени и транспортирани во Скопје во октомври 1946 година – една година пред потпишувањето на Договорот од Блед меѓу Димитров и Тито.
На прашањето дали преносот на посмртните останки би можел да влијае врз односите на Република Северна Македонија со Грција и Бугарија, Мицкоски изјави дека прашањето треба да се разгледува во контекст на Договорот од Блед. Според него, „договорот бил постигнат веднаш по капитулацијата на Бугарија во Втората светска војна“.
Мицкоски ги окарактеризира дејствијата на Бугарија на територијата на денешна Република Северна Македонија за време на војната како „окупација“, напоменувајќи дека некои политичари во неговата земја го користат терминот „администрирање“.
„Зборувам за ова во контекст на Договорот од Блед, постигнат веднаш по капитулацијата на фашистичка Бугарија – која, би рекол, ја окупираше територијата на денешна Македонија за време на Втората светска војна“, изјави Мицкоски.
Според него, преносот на останките на Делчев е „поврзан со македонскиот национален идентитет“.
„И ова е нешто што треба да нè прави горди како Македонци, бидејќи посмртните останки на овој великан – кој беше пред своето време – симболизираат многу за македонскиот идентитет“, нагласи тој, изразувајќи „жалење што денес малку луѓе зборуваат за Договорот од Блед и за аранжманите постигнати во неговите рамки“.