Евроамбасадорот Рокас во посета на Дебар
Амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас денеска ќе ја посети Општина Дебар, а како што појаснуваат од Делегацијата на ЕУ посетата е дел од иницијатива за приближување на ЕУ и процесот на интеграција на земјата до локалните заедници.
Посетата на Дебар ќе започне со средби меѓу амбасадорот Рокас, градоначалникот Фисник Мела и членовите на Советот на општината.
Разговорите, се наведува во најавата, ќе се фокусираат на придобивките од пристапувањето кон ЕУ, како и на видливото влијание на поддршката финансирана од ЕУ врз секојдневниот живот на луѓето во регионот.
За време на посетата, амбасадорот Рокас ќе се сретне и со претставници на граѓанското општество и ќе учествува на отворена дискусија со граѓаните на Дебар.