Прекинато водоснабдување на дел од булеварот „Видое Смилевски-Бато“ во Аеродром


Фото Б. Грданоски

Поради изведување водоводен приклучок на булевар „Видое Смилевски-Бато“, кај полициската станица, денеска ќе биде прекинато водоснабдувањето за корисниците од овој булевар во Општина Аеродром.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“-Скопје, прекинот ќе трае од 08:00 часот до завршување на работите.

– Поради изведување на водоводен приклучок ф-150мм на булевар Видое Смилевски Бато бб, кај полициската станица, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од булевар „Видое Смилевски Бато“ од 08:00 часот до завршување – стои во соопштението.