Времето денеска: Малку дожд, малку сонце
Времето денеска ќе биде променливо облачно. Претпладне ќе има повремени локални врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен.
Во Скопје ќе биде облачно. Во текот на ноќта и во претпладневните часови ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Како што информира УХМР, во недела и до крајот на следната работна седмица ќе се задржи променливо облачно и потопло време со сончеви периоди.