На првиот ден од есента, падна снег на Пелистер
Првиот ден од есента донесе вистинска зимска слика на Пелистер. Денеска на повисоките делови од планината заврна снег, а врвовите за кратко се забелеа.
Снегот на Пелистер пристигна токму на почетокот на есента, по падот на температурите во изминатите часови, објави 4news.mk
Глетката од планината покажува дека зимата веќе почнува да се најавува на највисоките места, иако до календарскиот почеток на зимата има уште речиси три месеци.
Првите снегулки на Пелистер секоја година привлекуваат внимание, а денешниот снег создаде впечатлива слика на еден од најпознатите македонски планински масиви.