Прекин во водоснабдувањето за корисниците од висока и ниска зона на ул. „Јани Лукровски“ во Гази Баба


Фото Б. Грданоски

Прекин во водоснабдување изутринава од 8:30 часот ќе имаат корисниците од висока и ниска зона на ул. „Јани Лукровски“ во општина Гази Баба.

Прекинот, како што информира ЈП Водовод и Канализација е поради промена на вентили од 2.5 цола во шахта на ул.„Јани Лукровски“ 14/1 во населба Автокоманда,

ЈП Водовод и Канализација додава дека прекинот ќе трае до санирање на дефектот.