Јавна расправа за Законот за донации и спонзорства во јавните дејности


Во рамки на проектот „Промени за одржливост“ денеска во Скопје ќе се одржи јавна расправа за Законот за донации и спонзорства во јавните дејности.

Тема на јавната расправа ќе биде барањето на 140 граѓански организации Министерството за правда да го продолжи и да го заврши процесот на измени на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности – процес од кој директно зависи иднината на донирањето, филантропијата и финансиската одржливост на граѓанскиот сектор.

На настанот се поканети надлежните министри, претставници на релевантните институции, граѓанските организации и деловниот сектор, а во фокусот ќе бидат причините за застојот на процесот, потребните законски измени и влијанието на новиот систем за е-фактура врз донирањето.

Настанот се организира во рамки на проектот „Промени за одржливост“ што го спроведува здружението Конект во партнерство со Младинската асоцијација ИМКА Битола.  Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.