Скопјанка погодена од заталкан куршум


Синоќа во 21:45 часот во СВР Скопје, од Поликлиника Драчево било пријавено дека кај нив со повреда била донесена Ј.С (57) од Скопје, се наведува во полицискиот билтен.

Според пријавеното, околу 20:40 часот, додека била во дворот од семејниот дом, почуствувала удар во рамото, а по извршениот преглед било констатирано дека повредата настанала од заталкано зрно од оружје. 

Се работи на расчистување на случајот.