ЕБУ објави дека Македонија се враќа на Евросонг во 2027
Македонија се враќа на Евровизија, по пауза од четири години. Како што е објавено на официјалната веб страница на Евровизија, Македонија ќе учествува на натпреварот што идната година ќе се одржи во Бургас во Бугарија. МРТ, националниот радиодифузер на Северна Македонија, потврди дека земјата ќе учествува на претстојниот Избор за песна на Евровизија 2027 во Бургас, Бугарија и се приклучува кон листата на земји што досега го потврдија своето учество на Евровизија 2027. Со македонската делегација ќе раководат Јана Бурческа и Александра Јовановска.
Македонија последен пат се натпреваруваше во Торино во 2022 година, кога Андреа ја изведе песната „Кругови“. Досега земјава учествувала на вкупно 21 издание. Прв претставник во Бирмингем во 1998 година беше Владо Јаневски кој, откако победи на „Скопје фест“ учествуваше со песната „Не зори, зоро“. На деветте финални вечери на кои учествуваше, Македонија секогаш завршуваше меѓу најдобрите 20 земји, додека во првите десет се пласираше Тамара Тодевска во Тел Авив во 2019 година, со песна „Proud“.
Земјава на Евровизија ја претставувале и Каролина во 2002 и 2007 година, Тоше Проески во 2004 година, Калиопи во 2012, женската група XXL во 2000 и Елена Ристеска во 2006 година.