Комеморација за Сашо Миленковски во Драмски


Во Драмски театар Скопје денеска во 12 часот ќе биде одржана комеморација за Сашо Миленковски (1963–2026), еден од најзначајните македонски режисери, драматурзи и театарски творци, чие дело остави длабок белег во современиот македонски театар.

Сашо Миленковски почина во Скопје на 28 јуни годинава на 62-годишна возраст.

Роден e во Битола на 28 ноември 1963 година. Во текот на својата богата кариера режира повеќе од педесет претстави во Македонија и странство, афирмира современи македонски драмски автори и создаде сценски дела што ќе останат дел од македонското театарско наследство. 

Во периодот од 2006 до 2010 година ја извршуваше функцијата директор на Македонскиот народен театар, а од 2010 година беше драматург во Драмскиот театар – Скопје, каде што активно учествува во креирањето на современиот репертоар. Во 1999 година Миленковски го основал театарот „Бабилон“.

Неговите претстави редовно се наградувани и селектирани на многу фестивали. Режира дела од Шекспир, Молиер, Достоевски и Бекет, а значаен дел од неговото творештво беше посветено на современата македонска драма.

Меѓу неговите најпознати претстави се „Балканот не е мртов“ и „Буре барут“ од Дејан Дуковски, како и „Тетовирани души“, „Црна дупка“ и „Баханалии“ од Горан Стефановски