Пиперката „ајварка“ ги извади на блокади земјоделците од Пелагонија – мизерни цени, редуциран откуп 


Од протестот во Пелагонија

 

БИТОЛА – Земјоделците од Пелагонија, производителите на пиперката „куртовска капија“ го блокираа патот Прилеп – Битола незадоволни што пиперката намената за ајвар не се откупува или она што го оди на откуп е по мизерна цена од 15 денари за килограм.

Поголема група на земјоделци го блокираа регионалниот патот Прилеп – Битола кај Тополчани, кој е единствен пат за проток на возила, освен ако не се патува низ селата, со оглед на тоа што се гради магистралниот пат Битола- Прилеп.

Сезоната за берба на пиперката за ајвар е во ек, а родот скапува по нивите бидејќи за самите земјоделци цената која им се нуди за прва-втора класа пиперка и за индустријата не им ги покрива производните трошоци. Првично беше договорено ппиперката за се откупува: 40 денари за прва класа, 30 денари за прва-втора и индустриска класа, а 15 денари од килограм за шкартот. Сега здравите пипреки што немаат скапано на нив им се откупуваат за 15 денари како да се шкарт.

Јане Камчески земјоделец од Бела Црква вели дека насадил 6 хектари со пиперка, неговото семејство брои шест члена и сите работат на нивите со пипер. Годинава очекува род од 200 тони пипер, досега вложил над 30 илјади евра на нивите а родот не се откупува, или се откупува по крајно неисплатлива цена. 

„Како земјоделци имаме направено договори со откупувачите, откупувачите имаат договори со преработувачите, значи договори имаме, а досега немаме продадено ни 2 отсто од родот. Магацините се затворени, се откупува одредена количина. Вкупно од Пелагонија многу малку е предадно по цена од 15 до 18 денари за килограм. Ова е срамно. Цената на пиперката треба да биде од 25 до 30 денари за да можеме да ги покриеме трошоците“, рече Камчески на протестот.

Најголемиот проблем за производителите на пиперка е што се работи за лесно расиплив производ кој мора навреме да биде набран и предаден на откуп.

„Рокот за предавање на родот е краток и земјоделците се ставени во една исклучитено неповолна ситуација по што се принудени да го дават родот по еконимски неодржливи цени. Затоа земјоделците ги истураат пиперките по каналите“, велат засегнатите производители на протестот.

Во изминатите денови на социјалните мрежи се објавија видеа на кои земјоделци од Пелагонија дозволија стада овци да влезат во нивите со пиперки, да ги јадат, како и цели приколки со набрна пиперка да се искураат по ендеците во знак на протест за откупната цена.

Земјоделците денеска од протестот упатија барања до владата.

Итно да се обезбеди непречен откуп на пиперката „куртовска капија“ и исплата на предадениот род во рок од 15 дена. Побараа итна средба со министерот за земјоделие, откупувачите и преработувачите. Бараат откупната цена да биде еконимски исплатлива, а доколку тоа не се случи да се формира Интервентен фонд со што држвата ќе ја надополни цената од откупната цена до цената на производство во износ од 10 денари по килограм.

Земјоделците си ги бараат и заостанатите субвенциите од 2025 година за прерадената пиперка во откупувачки капацитети.

„Владата може да ги притисне преработувачите, во смисла на забрзана преработка на набавената пиперка, да ги притисне за навремена исплата, затоа што исплата на стока по две – три години не е исплата. Да се зголемат субвенциите и да не ги исплаќаат наредната година, туку веднаш штом заврши откупната сезона“, рече Васко Јосифовски земјоделец од Пелагонија.

Доколу не се реши во најскоро време проблемот со откупот на „ајварката“ земјоделците најавуваат радикализација на протестите.

Инаку ова е втор искажан револт за откупот на пиперката -куртовска капија од годинешната реколта. Пред нецел месец протестираа и земјоделците од струмичко и тоа одржаа неколку протести со блокада на сообраќајници во Струмица и други околни општини.

Проблемот досега не е решен, иако министерот за земјоделие во неколку наврати оствари средба со земјоделците, откупувачите и преработувачите.