„Одисеја“ стана филм со најголема заработувачка на студиото Јуниверзал
Лондон – Филмот „Одисеја“ го надмина „Светот Јура“ (Jurassic World) и стана филм на студиото Јуниверзал Пикчрс со најголема заработувачка на сите времиња, само неколку месеци по премиерата.
Блокбастерот, кој во кината пристигна на 17 јули, е адаптација на старогрчкиот еп на Хомер и го следи Мет Дејмон во улогата на Одисеј, грчкиот крал на Итака, на неговото опасно десетгодишно патување дома по Тројанската војна.
Филмот оствари заработувачка од 1,7 милијарди долари ширум светот, со што го надмина авантуристичкиот филм „Светот на Јура“ од 2015 година и стана најуспешниот филм на студиото Јуниверзал досега.
Станува збор за филм со најголема заработувачка во кариерата на Кристофер Нолан. На кино-благајните заработи повеќе од милијарда долари за помалку од еден месец од почетокот на прикажувањето.
Буџетот за продукција на „Одисеја“ наводно изнесуваше 250 милиони долари, без трошоците за маркетинг, што го прави еден од најскапите филмови во кариерата на Нолан.