(ФОТО) Угинати риба во реката Треска, се бараат итни анализи на водата
Од здружението велат дека состојбата е загрижувачка и дека мора веднаш да се проверат сите можни причини за угинувањето на рибата, особено можноста за загадување или друга интервенција што би можела да го загрози живиот свет во реката.
Оттаму бараат веднаш да се земат примероци од водата и од угинатата риба, по што да се направат лабораториски анализи за да се утврди причината за угинувањето.

Исто така, од СРЗ „Хантер Фиш“ нагласуваат дека мора да се преземат конкретни чекори за заштита на реката Треска и нејзиниот жив свет.
„Водата е богатство на сите нас, а реката Треска е еден од најважните водни екосистеми во Кичево. Секое загадување, труење или друга интервенција која го загрозува животот во реката мора да биде детално испитана и да се утврди причината и одговорноста.Не смееме да дозволиме уште еден ваков случај да помине без одговор.Реката Треска не е канал за отпад – таа е живот“, порачаа од здружението.