Владата ќе го намали ДДВ-то за горивата од 18 на 10 проценти
За да се спречи големиот пораст на цената на горивата владата денеска на седница ќе го намали ДДВ-то од 18 на 10 проценти. Тоа го соопшти премиерот Христијан Мицкоски на анстан во Велес..
„Мерки веќе имаме — намалени акцизи и за дизелот и за безоловното гориво. Во текот на денот денеска ќе имаме повторно владина седница преку видео-врска и ќе донесеме уште една мерка, а тоа е намалување на данокот на додадена вредност за дизел горивото од 18 на 10 проценти, со што очекуваме наместо да има драматично зголемување, да има намалување на цената на дизел горивото. Секако, тоа ќе има некакви импликации врз буџетот, но треба да се заштити стандардот на граѓаните“, рече Мицкоски на поставувањето на камен-темелник на нова подземна катна гаража и плоштад во Општина Велес.
Според премиерот, не е сѐ совршено и оти има работи во државата што треба да се коргираат.
„Но сите ќе се сложите дека денеска е многу подобро од пред три години. Нема банди, нема фудбалчиња, нема рекетирање, нема криминалци коишто царуваат по улиците, нема марихуана економија, нема распродавање на националните интереси. Сѐ тоа е многу поразлично од тоа коешто се случуваше кога беше претходната Влада на СДСМ. Имавме 35-годишнина од одбележување на независност коешто беше многу поразлично од она во 2020-та кога живи луѓе гореа во модуларната болница во Тетово“, оцени Мицкоски.
Премиерот направи грешка бидејќи пожарот во модуларната болница беше на 8 септември 2021.