Тешка сообраќајка кај Стража, има жртви и повредени


Тешка сообраќајна несреќа се случила на патниот правец меѓу Стража и Гостивар, а според првичните информации има загинати и повредени лица.

На местото на несреќата интервенираат полициски и медицински екипи, а се очекува да биде извршен увид по кој ќе бидат познати причините и околностите под кои дошло до несреќата.

Засега нема официјална информација за точниот број на загинати и повредени, ниту за возилата кои учествувале во судирот.

Повеќе детали се очекуваат од Министерството за внатрешни работи и надлежните служби.