Кејт Мидлтон ја посети болницата во која се лекуваше од рак
Лондон – Британската принцеза од Велс Кејт Мидлтон денеска ненајавено ја посети болницата „Ројал Марсден“ во која пред две години се лекуваше од рак и ги обиколи пациентите за да слушне на кој начин холистичката нега може да помогне во унапредувањето на закрепнувањето и лекувањето.
Таа истакна дека нејзиниот добротворен потфат, во чии рамки за 24 часа се искачи на трите највисоки врвови во Британија за да се соберат пари за заболените, бил начин да ѝ се оддолжи на оваа здравствена установа.
– Искачувањето на трите највисоки врвови во земјата беше мој мал начин да кажам благодарам – изјави Кејт Мидлтон.
Собраните средства ќе бидат искористени за развој на нов специјалистички Центар за холистичка благосостојба и закрепнување.
Во текот на јули принцезата откри дека се искачила на највисоките планини во Англија, Шкотска и Велс за да собере пари за добротворна организација која се грижи за лица заболени од рак.
Принцезата помина низ циклус превентивна хемотерапија во лондонската болница откако на почетокот на 2024 година ѝ беше откриен рак.