Пронајден и казнет човекот кој фрлаше ѓубре во реката Радика
Човекот кој беше снимен како фрла вреќи со отпад и кутии во реката Радика е пронајден и казнет, информираат од Општина Дебар.
Инцидентот привлече големо внимание и осуда во јавноста, по што на терен излегле екипи од општинскиот инспекторат со други надлежни институции.
„Ова не е само една санкција, туку претставува почеток на нов и поодлучен пристап. Секое лице кое ја загадува реката Радика, јавните површини или кој било друг дел од животната средина ќе се соочи со мерките и санкциите предвидени со закон. Реката Радика и јавните површини не се места за фрлање отпад. Заштитата на природата и одржувањето на чистотата на Дебар е одговорност на сите нас“, објавија од Општината на Фејсбук.