Ѓубриштето кај последна „5“ во Аеродром конечно станува парк



Сепак, последните две години, освен редовното одржување на зеленилото, косење, полевање, а и самите јапонски цреши кои раскошно изгледаат во пролет, угостителските објекти ја немаат таа среќа. Едниот непречено функционира, но оној поголемиот чека избор на нов концесионер, кој ќе треба да постави нова опрема за игра на децата.
Од другата страна, во паркот кај последна „5“, последно нешто што е направено е просторот наречен „Бостание“ каде луѓето може да изнајмат мали парцели и да садат различни култури, во времето кога градоначалник на Скопје беше Петре Шилегов. Другиот дел, опремен со летниковци, клупи и канти за отпадоци, редовно е цел на вандализам. Овој парк беше пуштен во употреба летото 2016 година од тогашните градоначалници на Скопје и на Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Конески.
Ветување дека овој дел што денеска го најавија Ѓорѓиевски и Митески, ќе стане парк, што ќе ги поврзе двата парка по должина на булевар „АСНОМ“, беше дадено во 2021 година, кога Тимчо Муцунски беше кандидат за градоначалник, но тој по две и пол години стана министер за надворешни работи, а Дејан Митески го наследи како в.д. градоначалник, до следните локални избори во 2024 година, кога беше избран за градоначалник.
Останува нејасно, кое е местото што кога ќе се реализира БРТ автобускиот превоз во Скопје, каде ќе биде почетната станица, или тогаш ќе мора да настрада дел од овој новиот парк или дел од веќе постоечкиот, како и дали е добро испланирана трасата по која булеварот „Февруарски поход“ треба да продолжи до новиот мост што го најави Орце Ѓорѓиевски, а треба да ги поврзе Аеродром и Бази Баба кој, исто така, треба да поминува оттука. (Б.Б.)