Во вторник комеморација за Сашо Миленковски во Драмски


НУ Драмски театар Скопје ја известува јавноста дека комеморацијата за Сашо Миленковски (1963–2026), еден од најзначајните македонски режисери, драматурзи и театарски творци, чие дело остави длабок белег во современиот македонски театар, ќе се одржи на 15 септември (вторник) во 1часот во Драмски театар. Беше погребан во Битола. 

Неговата професионална кариера започнува уште пред дипломирањето на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) во Скопје, преку ангажманот во мултинационалниот проект КПГТ во Суботица (1988-1991), кој се разви во значајна сцена за современи театарски експерименти и меѓународна соработка.

Во својата богата кариера Миленковски има реализирано повеќе од педесет режии на сцените во Македонија, регионот и во Европа. Неговиот опус се одликува со разновидност – од класични автори како Шекспир, Молиер, Достоевски и Бекет до современи драмски текстови. Особено значајно место во неговото творештво имаат поддршката и афирмацијата на современата македонска драма.

Во периодот од 2006 до 2010 година ја извршува функцијата директор на Македонскиот народен театар (МНТ), а од 2010 година е драматург во Драмски театар – Скопје, каде што активно учествува во креирањето на современиот репертоар.

Годинава ја доби и Наградата за животно дело на театарскот фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Во име на татко ѝ, наградата ја прими неговата ќерка Сара Миленковска, која истакна:

-Овој фестивал го има препознаено неговиот храбар и нов пристап кон театарот. Како ќерка на режисер и сестра на режисерка, сум имала привилегија да растам во театарот и околу театарот и на сите можни начини да знам колку е значајно да се вложува во театарот и да останеме храбри и достојни“.