Фрчкоски: Владата барала од „Лотарија“ дивидендата да ја даде за прославата


Јон Фрчкоски од СДСМ пак објави дека Владата ѝ укажала на Лотарија дивидендата од 4.8 милиони евра да ја намени за прославата на 35-години независност во која беа вклучени настапите на Дејвид Гета, Хозе Карерас и плејада македонски пејачи и артисти во текот на еден месец. Според него, Владата на седница на 28 април, му укажала на акционерското друштво во државна сопственост Лотарија на Македонија, дивидендата од 2024 година која не била искористена, во вредност од 4.8 милиони евра (300 милиони денари) да ја намени за прославата.

„Колку лаже Мицкоски? 100%. Нема „0 денари“ туку 5 милиони евра, народни пари. Или по онаа народната, ако Мицко лаже, документите не лажат.
1.А.Д. Државна Лотарија, 100% во сопственост на државата распишува “Јавен повик” за организација на прославата “врз основа на ЗАПИСНИКОТ ОД 167-ма СЕДНИЦА НА ВЛАДАТА”.
Значи владата на Мицкоски преку заклучок на седница му “укажува” на своето акционерско друштво нераспределената дивиденда за 2024-та година во вредност од 300.000.000 денари да ја намени за прослава.
2.Можела Владата да му “укаже” на А.Д. Државна Лотарија истиве 300.000.000, на истиот начин да ги намени (или уплати во буџетот) за поддршка на земјоделците, за поддршка на граѓаните на Гостивар со вода за пиење, за зголемување на пензиите на дел од пензионерите, за зголемување на минималната плата (во еден дел), или за други неопходни работи… Ама тоа не го направила.
3.Значи Владата на Мицкоски одлучила т.е “укажала” 5 милиони евра да завршат токму за прослава“, пишива Фрчкоски на социјалните мрежи.