Неколку улици во Чаир без вода, поради дефектот сообраќајот ќе биде ограничен на „Коста Абрашевиќ“


Фото Б. Грданоски

Поради дефект на водоводна цевка на улицата „Коста Абрашевиќ“, денеска од 9 часот без вода ќе останат корисниците од неколку улици во општина Чаир, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Станува збор за дефект на водоводна цевка со пречник од 100 милиметри на улицата „Коста Абрашевиќ“ б.б., поради што со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улиците Коста Абрашевиќ, Панче Неделковски и Серава.

Од претпријатието посочуваат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот и ќе трае до отстранување на дефектот.

Поради интервенцијата, дел од улицата „Коста Абрашевиќ“, од раскрсницата со улицата „Цветан Димов“ до раскрсницата со „Панче Неделковски“, ќе биде затворен за сообраќај до завршување на работите.