Вучиќ: Изборите во Србија ќе бидат на 25 октомври
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека образложениот предлог на Владата за распуштање на Собранието стигнал до него и дека утре ќе го распушти Народното собрание и ќе распише вонредни парламентарни избори.
– Утре напладне ги распишувам изборите за 25 октомври – рече тој, пренесуваат српските медиуми.
Тој истакна дека указите за распуштање на Собранието и распишување на изборите ќе ги потпише утре, точно во 12 часот, а вонредните парламентарни избори ќе се одржат на 25 октомври.