Повозрасна жена натепала малолетно девојче во Кисела Вода
Скопјанец синоќа пријавил дека неговата малолетна ќерка била физички нападната од повозрасно лице.
Како што се наведува во полицискиот билтен, синоќа во 21:00 часот во СВР Скопје, Љ.М.(49) од Скопје пријавил дека околу 10:20 часот на подрачјето на Кисела Вода, неговата малолетна ќерка била физички нападната од едно повозрасно женско лице.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.