Сиљановска – Давкова положи свежо цвеќе на вечните почивалишта на Глигоров, Трајковски и Кљусев


По повод 8 Септември, Денот на независноста и одбележувањето на 35 годишнината од неа, претседателката Гордана Сиљановска – Давкова положи свежо цвеќе на вечните почивалишта на првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров, на претседателот Борис Трајковски и на првиот претседател на македонската влада, Никола Кљусев.

Во рамки на настанот, во организација на Кабинетот на претседателката, свежо цвеќе положија и собраниска делегација, предводена од претседателот на Собранието, Африм Гаши, владина делегација предводена од министерката за образование и наука, Весна Јаневска, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, претставници на Сојузот на борците, на судската власт, Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, градоначалници на скопските општини, директорката на Агенцијaтa за разузнавањe, Габриела Јаковлева, директорката на КОВЗРГ, Оливера Трајковска, претставници на политичките партии, на дипломатскиот кор и семејството Кљусеви.