Гори нискостеблеста шума и сува трева во пожарот кај кумановско Руѓинце
Околу 200 хектари сува трева и нискостеблеста шума биле опожарени во атарите на селата Руѓинце и Орах, во Општина Старо Нагоричане. Во гаснењето на пожарот интервенирале пожарникари од ТППЕ Старо Нагоричане, ТППЕ Куманово и ТППЕ Ранковце.
Од РЦУК Куманово информираат дека интервенцијата траела од 14:00 до 03:00 часот, при што биле ангажирани три противпожарни возила и девет пожарникари. Во гаснењето во Руѓинце учествувала и ТППЕ Ранковце, со две противпожарни возила и три пожарникари, во периодот од 15:15 до 01:00 часот. Од ТППЕ Куманово, пак, во периодот од 16:45 до 22:45 часот испратиле едно противпожарно возило и тројца пожарникари како испомош во село Руѓинце.

Кумановските пожарникари вчера интервенирале и на повеќе други локации. Во атарот на Слупчане, од 12:00 до 14:55 часот, од 15:00 до 17:45 часот интервенирале во атарите на Ваксинце и Речица, каде гореле сува трева, стрниште и дрвореди од багрем во близина на железничката пруга. Во Лопате, од 19:30 до 20:30 часот, интервенирале на опожарена сува трева, а во атарите на Слупчане и Ваксинце од 20:15 до 21:15 часот повторно гаснеле пожар на сува трева.