Леклер најбрз на првиот тренинг во Монца


 Возачот на Ферари, Шарл Леклер, беше најбрз на денешниот прв тренинг во Монца пред неделната трка за Големата награда на Италија во Формула 1.
Леклер оствари најбрзо време од 1:23.008 минути, пред неговиот клупски колега Луис Хамилтон, со заостанување од 0,173 секунди, додека трет беше вториот возач на Мерцедес, Џорџ Расел, со заостанување од 0,304 секунди.
Возачот на Ред Бул, Лијам Лосон, заврши четвртопласиран, Кими Антонели од Мерцедес на петтото, додека возачот на Мекларен, Ландо Норис, на шестото место.
Вториот тренинг ќе се одржи попладнево, додека квалификациите се закажани за сабота од 16:00 часот.
Стартот на трката за Големата награда на Италија е закажан за в недела во 16:00 часот.