Зверев го победи Алис во пет сета и се пласираше во третото коло на УС опен
Германскиот тенисер Александар Зверев го победи Французинот Квентин Алис во нивниот натпревар од второто коло на Отвореното првенство на САД – 6:4, 4:6, 7:6 (7:3), 6:7 (3:7), 6:3.
За да дојде до победата, на првиот носител на Грен слемот во Њујорк и втор светски рекет, му беа потребни 4 часа и 37 минути.
Дваесет и деветгодишниот Зверев сервираше 29 аса, направи 8 двојни грешки и реализираше 5 од 20 брејк топки. Неговиот врсник (рангиран број 52 во светот) сервираше 18 аса, направи 12 двојни грешки и реализираше 3 од 7 брејк топки.
Во третото коло, Зверев ќе се соочи со Чилеанецот Алехандро Табило.