Дел од Радишани денеска без струја


Корисниците од улицата „30“ во Радишани и делот околу Млинот Чарли денеска од 9:00 до 12:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија. 

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, прекинот во снабдувањето со електрична енергија е поради замена на стар дрвен столб со нов бетонски столб од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.