Кошаркарски тренер од Охрид загина во сообраќајна несреќа
Тренерот во младинската кошаркарска школа на Ангели, Антонио Савески загина во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска се случи на патот Охрид-Кичево.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила околу 23:30 часот кога возило „Хјундаи Гец“ со охридски регистарски ознаки удрило во кучиња скитници, а потоа во металните браници. По ударот, возилото се запалило.
33-годишниот Савески беше еден од најпознатите тренери на младинските категории во Македонија. Покрај во школата на Ангели, претходно работеше и во Вардар, Водно Санс и Охрид.
Покрај тренерската работа, Антонио Савески беше познат и по својата колекција на дресови. Имаше околу 500 кошаркарски дресови.