Инвестиција од 7 милиони денари: Свечено отворен Capitol Park во Аеродром
Донација од Capitol Mall за Општина Аеродром – нов простор за игра и моменти што траат
Со голема посетеност, многу детски џагор, насмевки и позитивна енергија, свечено беше отворен Capitol Park – новиот детски парк што Capitol Mall го донира на Општина Аеродром.
За само 4 месеци, на површина од 1000м2 е изграден Capitol Park, проект вреден 7 милиони денари. Просторот е создаден како современо место за игра, дружење и рекреација, со богати содржини за деца од 3 до 12 години и посебна фитнес зона за посетители над 14 години наменета за спорт и здрав и активен живот.


Свеченото отворање привлече голем број семејства и прерасна во вистинска детска прослава, дополнета со настапот на Детскиот фестивал „Поточиња“, омилените маскоти, бројни моменти исполнети со радост.

Посебна вредност на настанот му даде и неговиот хуманитарен карактер. Во соработка со Црвениот Крст, се собираа донации, училишен прибор и средства за деца и семејства на кои им е потребна нашата поддршка, испраќајќи силна порака за солидарност, хуманост и заедништво.


Со реализацијата на Capitol Park, Capitol Mall ја продолжува својата посветеност кон општествената одговорност, семејните вредности и создавањето содржини со трајна вредност за локалната заедница.


Посебна благодарност до инвеститорите на проектот, Г-ѓа Даниела Адемоска и Г-дин Ајдован Адемоски, како и до Градоначалникот на Општина Аеродром, Г-дин Дејан Митески, за нивната визија, поддршка и посветеност во реализацијата на проектот.


Со нивната заедничка заложба, идејата за Capitol Park денес е реалност – нов простор за игра, дружење и создавање убави спомени, кој ќе ги радува најмладите и идните генерации.