Училиштата во Аеродром должат 39 милиони денари, а работата им ја финансираат родителите на учениците


Левица тврди дека за нешто повеќе од две години под раководство на градоначалникот Дејан Митески долговите на училиштата во Општина Аеродром рипнале од околу 3 милиони денари – на 39 милиони денари.
 
За споредба, во Општина Чаир која важи за една од најлошо водените општини, сите училишта должат 22 милиони денари.
 
„Најпоразително е што училиштата не трошат пари за апсолутно ништо и целото тековно работење се финансира преку „донации” од родителите на учениците. Кога трошоците за целото тековно работење паѓаат на грбот на родителите, како е возможно училиштата секоја година да трупаат долгови? Каде се трошат парите?“- прашуваат од Левица.